Семејството на Шабан Шаулиќ се уште е во шок по трагедијата која ги снајде.

Од својот сопруг и татко се опростија и неговите деца и сопруга чии зборови ќе ви го скршат срцето.

-За мене ти си на еден далечен пат, каде како и секогаш ќе ти се придружам еден ден, за да остариме заедно. Од бескрајна гордост до неизмерна болка во срцето и душата, твојата Гоца, стои во некрологот кој му го посвети неговата сопруга Гордана.

Трите деца на Шабан исто така со потресни зборови се простија од својот татко.

-Наш единствен, сакан. Горди сме што сме твој деца. Зборови, болка, љубов…Остануваш засекогаш во нашите срца и души. Твоите Санела, Илда и Михајло.

Освен заедничкиот последен поздрав, децата на пејачот му упатија и посебни последни зборови заедно со нивните семејства.

Инаку вчера сопругата и ќерката на пејачот се уловени во нивниот двор бледи, изнемоштени и скршени од болка облечени во црно, додека другата негова ќерка и син веднаш се упатија кон Германија по неговото тело.

ФОТО: Телеграф.рс/ А.Налбантјар