Инвестирајте во недвижности

Повеќето луѓе, најголема инвестиција во животот ја гледаат во купување имот, стан за себе и за своето семејство. Вложувањето во куќи, станови и деловен простор е еден од најсигурните начини за да се зачува вредноста на парите. Познавачите на пазарот велат дека купената недвижност е најцврстата валута во секое време.

Купете нов стан

Инвестирањето во недвижен имот на добра локација, во квалитетно изграден објект, со добар план и распоред е највредната опција за вложување во земјава. Граѓаните се чувствуваат најсигурни кога вложуваат во стан, за кој веруваат дека никогаш нема да изгуби на вредност. Напротив тие веруваат дека со текот на годините, нивната недвижност само може да добие на вредност, со што ќе бидат сигурни за исплатливоста на инвестицијата.

 

Поволни станбени кредити

Кризата со Ковид 19, ниските каматни стапки за вложување на депозити во банки, несигурноста на малите бизниси, придонесоа поголемиот дел од граѓаните кога ќе дојдат до одредени финансиски средства да размислуваат да ги вложат во недвижен имот. При тоа сакаат да имаат доверба во компанијата, да се сигурни во квалитетот на градбата, во исполнувањето на сè она што би се ветило при постигнување купопродажен договор. Деловните банки во земјава нудат поволни станбени кредити.

 

DreamLux иднина за модерно домување

Брзиот и модерен начин на живот наложува да имате свој простор во кој ќе може да се повлечете на крајот од денот и целосно да се посветите на себеси. Одберете квалитет, удобност и модерен изглед по светски стандарди. Во уникатниот комплекс DreamLux на Би Холдинг во Тафталиџе  има квалитетни станови од 30 до 140 м2. Објектот гарантира модерно живеење по највисоки стандарди.