Канадската област Британска Колумбија ги објави плановите за заштита на огромните делови од прашумата долж брегот на Пацифичкиот океан, позната како “Амазонија на северот”. Шумата е животна средина на реткиот вид мечки албино-гризли, но и домородна територија на неколку индијански племиња.
Домородните канадски племиња ќе имаат големи овластувања околу раководењето со заштитата на прашумата. Паркот беше поздравен од сите страни како пример кој и други земји треба да го следат. Според договорот со еколозите и дрвната индустрија, властите на Британска Колумбија ќе создадат парк чиј еден дел целосно ќе биде оставен за дивиот свет, додека другиот поголем дел ќе дозволи еколошки одржливо искористување на шумата. (Би Би Си)