Британската премиерка Тереза го постави Доминик Раб за нов министер за Брегзит, по оставката на Дејвид Дејвис. Раб, кој моментално е министер за домување, беше истакнат предводник на кампањата за излегување на Британија од ЕУ, за време на референдумот во 2016 година.

Дејвис поднесе оставка рано утрово, истакнувајќи дека премиерката Тереза Меј дека премногу лесно дала премногу.

Четириесет и четири годишниот Раб, бил адвокат пред да стане министер во 2010 година, ќе ги преземе преговорите со преговарачот на Унијата Мајкл Барниер.

Бил во владата по изборите во 2015 година, работејќи во министерството за правда пред да премине лани во министерството за домување.

извор: Makfax