x

Домаќинот на Мундијалот на „контрола“ во Скопје

makedonija-rakomet4

Македонската ракометна репрезентација доби статус на прва „резерва“ за престојното Светското првенство кое во јануари ќе се одржи во Египет. Доколку една од земјите учеснички се откаже од настап на Мундијалот, нашиот национален тим ќе биде првата замена.

Токму поради ова селекторот, Данило Брестовац треба да ја дефинира програмата за работа. До крајот на овој месец ќе тренираат само играчите кои настапуваат во домашниот шампионат, а на почетокот на јануари ќе се приклучат останатите репрезентативци.

Македонија до крајот на овој месец ќе одигра и два пријателски натпревари. Доколку нема Ковид-пречки во Скопје гостин ќе биде токму домаќинот на Светското првенство, селекцијата на Египет.

Наскоро Брестовац треба да излезе со поширок список, по што ќе бидат познати и плановите за следниот период.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата