x

Домаќините си се храбрат: Македонијa е змејот, а Грузија витезот! (ФОТО)

slika

Многу важен натпревар се игра вечерва во Тбилиси, историски, како за Македонија така и за Грузија. Па токму затоа домаќините си се храбрат, ја „пумпаат“атмосферата, а весниците излегуваат со насловни поврзани со вечерашниот меч.

Па така еден спортски весник утринава излезе со интересна насловна. Македонија е претставена како змеј со многу глави, змеј што испушта оган и е последна препрека за Грузија претставена во средновековен витез со меч во рака, кој сака да го “убие“ змејот. Во позадина на змејот го гледаме пехарот за победничкиот тим кој што ќе го добие на ЕВРО 2020, а тука се и знамињата на Украина, Австрија и Холандија, репрезентации кои го очекуваат ривалот во групата на ЕВРО, Македонија или Грузија.

Да се надеваме дека овојпат змејот ќе победи и Македонија ќе игра на ЕП.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата