И подарил песна!

Познато е дека некои најголеми рокери и поп пејачи напишале бројни песни за свои колеги. Сепак во тоа е прв босанскиот кантавтор Дино Мерлин, кој ги напишал едни од најголемите хитови за Весна Змијанац, Лепа Брена, Цеца Ражнатовиќ но и за Бата Здравковиќ.

И самата Цеца признала дека некои од нејзини најубави песни ги напишал токму Дино, кој со Цеца сакал да сними дует. – За мене Дино Мерлин наменски ја направи песната “Заборави“. Кога ми ја отсвири таа нумера, ми рече дека има една многу убава песна која е правена за дует. Но бидејќи тогаш беше војната тој неможеше да ја пее во Белград, рече дека само јас ја имам таа емоција и ми ја подари таа песна.

И песната “Жарила сам жар“ исто така ја напиша Мерлин – рекла своевремено Цеца за медиумите.

Покрај Цеца, и Лепа Брена и Весна Змијанац можат да се пофалат за соработка со Дино, со што Брена била една од првите пејачки кој Дино и го напишал хитот “Играј, драги“ и “Јаблане“, кои се нашле на нејзиниот албум 1989 година.

Кога е во прашање Весна Змијанац, освен нивниот евергрин дует “Кад замиришу јорговани“ од 1988 за својата пријателка Дино напишал и други песни.

На еден од најпопуларните албуми на Весна -“Сватови“ од 1990, се нашле неговите песни “Сама“, “Сто живота“, “Ово у грудима“ а после три децении од албумот, Змијанац повторно го вкрстила гласот со Мерлин и ја отпејале  песната “Клупко“, 2008 година.“