Состојбата во примарното здравство е во хаос. Во целиот овој хаос не оставија сами да се снаоѓаме, пишува во својот статус д-р Елена Димитриева.

Таа се жали дека од страна на Здружението на Приватни Лекари, кои формално ги организитаат сите ПЗУ, во целиот овој хаос, како што вели таа, оставени се сами да работат, а целиот административен терет е на матичните лекари.

– Плус тоа сите пациенти, без разлика дали се со низок или висок ризик поминуваат преку нас, а немаме никаква заштита, никакви насоки и протоколи како да работиме. Цело време стасуваат нови известувања и правила и нормално предупредувања за казни и инспекции. Се е хаос!, пишува д-р Димитриева.

Таа вчера се обидела да го повика претседателот на здружението да даде отчет за тоа што е дискутирано и одлучено на состанокот со министерот за здравство Филипче, но наместо одговор, претседателот направил нова група на фејсбук каде прикачил документ со, како што вели ДИмитриева, истите работи што ги знаеме и до сега.

-Ваков аматеризам во услови на вонредна состојба е неприфатлив! Драги пациенти, чувајте се!, напиша д-р Димитриева.