Македонија ги следеше повеќето европски држави и ги откажа сите летови до и од Велика Британија откако се појави информацијата за новиот мутиран тип на коронавирус. Тоа предизвика паника во светот бидејќи според британските власти тој е позаразен, но СЗО вели дека е под контрола.

Токму затоа доктор Беќаровски смирува да не се крева паника и во Македонија.

Тој за „Студии 10“ на ТВ 24 вели дека настана и психоза и паника со новиот вирус, но нема потреба толку трагично да се разбираат работите бидејќи секој вирус си има развојни етапи, а целта на вирусот е да зарази што повеќе луѓе.

Се смета дека околу 4.000 мутации веќе се случиле, а некои се посилни од оригиналниот вирус. Оваа мутација се појавила најверојатно во август-септември. Во Лондон постепено овој вирус се пренесувал од еден на друг и го истиснувал претходниот вирус. Досега проценките беа дека 1 човек заразува максимум до 1.5 луѓе околу него. Колку поголема количина исфрлена аеросоли од организмот, толку поголема опасност од зараза,  вели д-р Беќаровски.