Докторка од Општата болница во Струмица пријавила дека три лица ја омаловажувале, а едно од нив и физички ја нападнало.

Случајот во полициската станица бил пријавен вчера.

За настанот е известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

извор: Makfax