Докторка од Флорида, која секојдневно се бори во првите линии на фронтот против коронавирусот, го загубила старателството над нејзината четиригодишна ќерка.

Тереза ​​Грин, која е негативна на Ковид-19, вели дека по ваквата судска одлука се соочила со невозможен и суров избор меѓу работата во итнатата служба и гледањето со нејзината ќерка, пренесуваат американските медиуми.

Нејзиниот поранешен сопруг ја искористил епидемијата и побарал старателство над девојчето, со образложение дека е многу изложено на ризик од коронавирус, поради професијата на нејзината мајка.

Судијата Бернард Шапиро донел одлука девојчето да живее со нејзиниот татко за време на епидемијата, велејќи дека тоа е во најдобар интерес на детето.

„Чувствувам дека судот ме изложи на повеќе стрес отколку коронавирусот со кој се борам секојдневно“, вели Грин, оценувајќи ја судската одлуката како дискриминаторска.

Таа нагласува дека е шокирана од ставот на студијата, кој не зел предвид како неговата одлука ќе влијае на психата на детето.

Американското медицинско здружение наведува дека секој родител кој работи во болницата за време на коронавирусот може да се грижи за децата доколку ги преземе сите мерки на претпазливост.

 

извор: Makfax