x

Доколку ПЦР тестовите се негативни, Македонија и Италија ќе играат утре?

trening

Македонската кошаркарска репрезентација се соочува со проблеми во Талин, Љубомир Младеновски е позитивен на Ковид-19, додека Бојан Трајковски и Џекоб Вајли имаат сомнителни наоди.

ФИБА веднаш го одложи денешниот дуел со Италија. Нашите момци чекаат да бидат одново тестирани, овој пат сите ќе направат ПЦР тестови, доколку се биде во ред, односно нема нови случаи, Македонија утре ќе го одигра дуелот со Италија.

Ова значи дека во два дена ќе играат два натпревари, за понеделник е закажан дуелот со Естонија.

До добивањето на резултатите цела делегација останува во карантин.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата