Обвинителката Фатиме Фетаи предложи на обвинетите Агим Исмаиловиќ и Фејзи Азири да им биде одреден притвор поради ризик од бегство.

За ова, Обвинителството предлага и на обвинетиот Хаки Азири да му се зостри мерката за појавување на суд, секој ден, додека за Сами Љута останува истата мерка – да се појавува на суд двапати неделно. Одбраната се противи на овој предлог и го нарече нерационален пренесува Порталб.мк.

Фетаи во образложението рече дека тие ја предлагаат оваа мерка бидејќи се ближи крајот на судскиот процес, според нејзе доказите не одат во прилог на обвинетите.

Очекуваме дека врз основа на доказите, обвинетите ќе бидат осудени, рече Фетаи.

И покрај фактот дека Фејзи Хазири е во затвор, Обвинителството проценува дека тој користи привилегии и веројатноста да избега е поголема отколку во притвор.
И Исмаиловиќ исто така ги негираше индициите на Обвинителството.

Го демантирам Обвинителството дека имам намера да избегам, ако беше така, ќе го сторев тоа кога ми беше укинат притворот. Јас сум тука за секаква одлука што ќе донесе Судот, рече Исмаиловиќ.

За предлогот мора да одлучува Кривичниот совет на Кривичниот суд.

Денеска требаше да сведочат Ангелчо Георгиевски и Ислам Зекири, кои беа предложени како сведоци од одбраната, но ќе сведочат на 30 ноември, бидејќ рочиштето беше откажано , поради боледувањето на адвокатот Асмир Алиспахиќ.

Рочиштето, неформално, сепак, продолжи на предлог на Обвинителството. Според експертите кои ги консултираше Порталб.мк, предлогот на Обвинителството треба да биде доставен тајно, а не на јавна седница, како што тоа го направи обвинителката денес.

Претходното судско рочиште за случајот „Монструм“ беше откажано откако адвокатката одредена по службена должност за одбрана на обвинетиот Африм Исмаилови, Милица Гроздановска, беше во изолација.

Судскиот процес е при крај, а според прелиминарните предупредувања на судијата на случајот, Огнен Ставрев, но и на обвинителката Фатиме Фетаи, остануваат 2-3 потези до завршните зборови.

Извор: Порталб.мк