Доживотен затвор за седумина бомбаши
Седум осомничени членови на Ал Каеда, обвинети за бомбашките напади во Истанбул во 2003 година, во кои загинаа околу 60 луѓе, од турскиот суд се осудени на доживотен затвор. Нападите биле извршени врз две синагоги, британски конзулат и филијала на лондонска банка. Меѓу осудените е и Сириецот Лоај Мохамад Хаџ Бакр ал Сака, кој е главниот организатор на самоубиствените напади.