Сафија Шаик е осудена на доживотен затвор со минимална казна од 14 години, поради кроење заговор со самоубиствен напад да ја разнесе катедралата во Лондон.

Таа имала во план да ги разнесе и околните хотел и воз во подземната железница.

Шаик (37) детално истражувала како да предизвика максимален масакр во црквата, која ја постуваат голем број луѓе.

Полицијата соопшти дека планирала да остави бомба во торба во катедралата пред да го детонира самоубистверниот елек во лондонскиот подземен воз.

Нејзините адвокати навеле дека таа се предомислувала околу заговорот, но обвинителите откриле детали за повикот што го упатила до пријателите од затвор минатата недела, кога рекла дека била подготвена да оди до крај.

Шаик, односно Мишел Ремсдин, која преминала во муслиманска вера и ја поддржала терористичката организација Исламска држава, е уапсена во октомври откако побарала помош од полицаец на тајна задача, кој се претставил како експерт за правење бомби.

извор: Makfax