Јелена Карлеуша завојувала со Милорад Додик, претседател на Република Српска, која ја прозвал на конференција за медиуми, нарекувајќи ја “певаљка од Белград” и изнел тврдења дека има повеќе хитови од неа.

Конфликтот меѓу нив двајца почнал кога пеачката се приклучила во акцијата “Правда за Давид”, со желба да се открие кој стои позади убиството на момчето од Бањалука, случај што го дигна на нозе цел регион. Револтирана од тоа Карлеуша упатила остри критики до тамошната власт, наркувајќи ја криминогена” и ги повикала луѓето на протест. Нејзините зборови го испровоцирале Додик што морал да и посвети внимание на конференција за медиуми одговарајќи и на обвинувањата.

– Гледам дека и певаљки од Белград ја квалификуваат Република Српска на одреден начин, но ќе кажам пред вас на многу повеќе луѓе сум пеел отколку таа. Подобро би било да направи некој хит кој по народот ќе ја памети и да се посвети на пеење. Повеќе хитови имам од една певаљка од Белград која се обидува на некој начин да ја квалификува Република Српска – рекол Додик.

Во свој стил, Јелена ха социјалните мрежи скандалозно го прозва и му возвратина на Милорад Додик

– Прво немој певаљката “је***и мајку, др****јо”! Второ, ајде ти во Бањалука направи митинг, а јас паралелно во Бањалука концерт, па да видиме кого народот повеќе го подржува.

– Ја подржував петицијата “Правда за Давид и никаде не го спомнав тој Додик, но тој сам се најде повикан и ме нападна на многу грозен начин… Оставиме на мира и чувај ги децата на Цеца, возете се со хелихоптер за сметка на сиромашните и уживајте. бидејќи ако сум јас за тебе певањка, таа е дама на нозе. Вие за мене сте полусвет и врашето време одѕвони, не ви се плашам…

Додик до заклучување на весникот не одговорил на прашањата кои му ги упативме, пишува Курир.

 

извор: Курир срб.