Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, рече дека ќе го покани рускиот претседател, Владимир Путин, да ја посети Бањалука кога ќе заврши изградбата на Руско-српскиот културен центар.

„Кога ќе го изградиме центарот, ќе го поканам Путин да дојде во Бањалука. Верувам дека ќе најде доволно причини за да биде тука“, рекол Додик.

Тој најавил дека на 17 септември ќе бидат осветени темелите на Руско-српскиот културен центар и дека на тој настан ќе присуствува рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

извор: Makfax