Српскиот член и претседател на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, има пневмонија на двете белодробни крила. Тој e трет пат тестиран на коронавирус, а резутатот од тестот е позитивен.

„Денес, советот на лекари се состана во Универзитетскиот клинички центар на РС и разговараше за здравствената состојба на Додик. Откриено е дека има тешкотии со дишењето и болка во стомакот. Дијагностицирана му е пневмонија на двете белодробни крила, а на третиот тест за новиот коронавирус е позитивен. Здравствената состојба на Милорад Додик е стабилна, тој се чувствува добро и прима соодветна терапија“, потврдено е од УЦЦ РС.

извор: Makfax