Српскиот член и претседател на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, е во домашна изолација поради контакт со лице коешто е позитивно на коронавирус.

Во соопштението се наведува дека Додик бил тестиран на Ковид-19, а резултатот од тестот е негативен.Се додава дека Додик е во добра здравствена состојба.

извор: Makfax