Додека светот ги следи информациите за здравствената состојба на лидерот на Северна Кореја Ким Јонг Ун и се прашува што се случува во Северна Кореја, државниот лист Родонг шинмун објавил денеска дека Ким со писмо изразил благодарност на градежните работници кои работат на модернизација на градот Самјијон, пренесува ТАС.С

“Врховниот лидер Ким Јонг Ун им се заблагодарил на работниците кои искрено и со цело срце дале допринос во создавање на градот Самјијон“, пишува листот, не наведувајќи детали кога писмото е испратено, и каде се наоѓа Ким.

Во тој град се родил татакото на Ким, Ким Јонг-Ил кој пред него владеел со земјата.

Севернокорејскиот лидер не е виден во јавноста од 11 април кога одржал состанок со политичкото биро на Централниот комитет на Работничката партија на С.Кореја.

Исто така, Ким Јонг Ун не присуствувал на церемонија на 15. април кога се одбележува роденденот на неговиот дедо Ким Il Сунг, основач на Северна Кореја.