x

Додека Роналдо е под клуч, неговата девојка ги „собира“ погледите на Мадеира (ФОТО)

Откако во Јувентус се појавија случаи на корона вирус, сите фудбалери беа испратени во карантин, меѓу кои и првата ѕвезда Кристијано Роналдо кој е под клуч во скапоцената куќа во родната Мадеира. Додека него му е забрането да излегува надвор, неговата девојка Георгина Родригез го обавува шопингот. Утринава ја напуштила луксузната вила за да набави намирници и секако предизвика големо внимание на улиците на Фуншал, главниот град на островот Мадеира.

Интересно, Роналдо е во својата вила но не е толку сигурен. Имено од Португалија стигнуваат вести дека два земјотреси ја потресле Мадеира за време на викендот. Сепак, тие биле со послаб интензитет.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата