x

Додека го имаме Пандев се ќе биде во ред

pandev-starten-sostav-e1599640162879

Вистински лидер, ѕвер на теренот, водач на овие фудбаслки момци кои пред себе сеуште ја имаат главната цел – пласман на ЕП. Додека Македонија го има Горан Пандев на теренот овој национален тим ќе биде цврст, единствен и секогаш подготвена да оди на резултат, на победа. По долгата пауза поради пандемијата нашите најдобри фудбалери повторно се собраа. Нов циклус, нови предизвици но иста цел – Косово па финале за пласман на ЕП.

Мисијата Ерменија и Грузија е успешна. Освоени планирани четири бодови во дуелите со секогаш незгодните селекции од Кавказот. Сигурна победа дома и бод од Тбилиси на теренот кај главниот ривал за порвото место во групата. Во меч на кој играчки лошо почнавме, резултатски влеговме во брза негатива но се вративме, нападнавме три бода но на крајот со 10 играчи спасивме добар – одличен бод. Не е тоа само бод од Грузија. Тоа е самодоверба, оптимизам и позитивна серија и атмосфера кај фудбалерите и стручниот штаб во пресрет на мечот за историја. Еве го пред нас 8 октомври, Скопје и ½ финалната пресметка со Косово.

Селекторот Ангеловски треба да биде задоволен иако старите болки повторно излегоа на површина. Ако Ерменија ја победивме во неубедлива игра на лош терен и пеколна горештина, сега во Тбилиси бевме како треба. На двата меча со нов голман. Дамјан Шишковски ја оправда довербата, го спаси бодот во Грузија и најави дека Столе Димитриевски има сериозна конкуренција.

Но сите алки се вртат околу Горан Пандев.

Само една реченица на противникот и се ќе ви биде јасно:

Горан Пандев е фантастичен играч“, кажа грузискиот селектор Владимир Вајс по средбата во Тбилиси.

Со 37 години нашиот капитен сеуште се бори за неговиот но и сонот на 2.000.000 жители на нашата Македонија. Сонот за пласман на ЕП. Ете тој сон, времето за негово исполнување е токму сега. За помалку од еден месец.

Македонија има сила, има тим кој може да стигне до високите дострели. Сега и не се битни премиите од ФФМ, па и резултатите од новата Лига на нации кои се само поттик. Во октомври, до октомври и во следните неколку денови, недели влегуваме со една мисла со една желба – Да се победи Косово!

Само да се здрави и оваа пандемија да не создаде нови проблеми“, тоа е желбата на нашиот селектор Игор Ангеловски кој е задоволен што нашите момци се посебни кога се тука и кога го носат дресот со државниот грб. Кога ќе почне натпреварот се забораваат сите проблеми, сите периоди без тренинзи и натпревари.

Со четири тренинзи одиграв 75 минути. Тоа е одлично“, напомена нашиот капитен Пандев при враќањето синоќа од Тбилиси. Додека го имаме „Гранде Горан“, треба да знаеме дека се ќе биде во ред во нашиот национален тим како при собирите, тренинзите така и на натпреварите. Тој е главната позитивна фигура околу кого се вртат сите наши надежи, сонови и планови за пласман на ЕП.

Токму Пандев, Барди, Елмас, Нестор, Трајковски… Тие сега се во тренажен процес и без натпревари на клубски план. Сега имаат доволно време да се подготват. Најважното е тоа дека Македонија е силна и единствена. Резултатски добро поминавме за разлика од нашите ривали. Сега во нивни раце е „врелиот костен“…!

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата