x

Додев и официјално е прво засилување за Брегалница оваа зима

Како што најави СПОРТМЕДИА пред неколку недели, штипска Брегалница го договори првото засилување за пролетниот дел од сезоната во Втората лига – Исток во името на довчерашниот крилен офанзивец на кратовски Силекс, Дарко Додев.

21-годишниот Додев, наспроти бројните понуди од неколку домашни прволигашки клубови, се одлучи да ја прифати понудата на Брегалница за идна меѓусебна заедничка соработка.

Додев, кој потекнува од фудбалската школа на Металург, покрај во Силекс каде имаше извонредна есен изминативе месеци со 18 настапи и 4 постигнати голови, претходно во својата кариера настапуваше и за кавадаречки Тиквеш.

Крилниот офанзивец ќе биде на располагање на стручниот штаб уште на првиот собир од зимските подготовки на 11 јануари во Штип.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата