x

Довчерашниот тренер на Динамо Загреб веднаш со нов ангажман, го превзема турскиот гигант!?

Само неколку дена откако остана без работа по раскинот со Динамо Загреб, Ненад Бјелица е пред ангажман во турскиот гигант Фенербахче. Бјелица се раздели со Динамо и ќе добие извесно обесштетување, а е на праг да премине во Фенер, и тоа за добра сума од 2 милиони евра годишно.

Клупата на Фенер во моментов е празна, а Бјелица е прв фаворит според турските медиуми.

Инаку Динамо треба да му исплати на својот доскорашен тренер 1 милион евра за предвремениот раскин.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата