Последната летна аквизиција на Манчестер Сити, централниот дефанзивец Џон Стоунс, откри дека е пресреќен поради пропаднатиот трансфер во редовите на лондонскиот премиерлигаш Челзи.

За време на претходниот летен преоден рок, раководните лица на Евртон неколку дена седеа на преговарачката маса со челниците на Челзи, но не успеа да најдат заеднички јазик околку обештетувањето.

Една година подоцна, најбогатиот клуб на Островот, одвои околу 47.5 милиони фунти за обештетувањето на репрезентативецот на Англија.

Дали сум среќен што пред една година не потпишав за Челзи? Да, среќен сум. За мене, Пеп Гвардиола е најдобриот менаџер во целиот свет и затоа сум пресреќен што сум дел од Манчестер Сити и што добив шанса да учам од шпанскиот стручњак. Станува збор за вистински професионалец, кој внимава на секој детал. Сака пред секој натпревар да бидеме на иста страна, исто да размислуваме. Искрено, не ми беше лесно за време на летниот преоден рок. Сите тие трансфер шпекулации влијаеа и врз мојата фамилија. Се што сакав е да потпишам за Манчестер Сити, а изминатото лето сакав да одиграм уште една сезона за Евертон, изјави централниот дефанзивец.