Тројката на Европската унија: Штајнмаер, Солана и Рен, вчера попладне во Белград разговараа со највисоките личности на Србија во врска со предлогот на Марти Ахтисари за идниот статус на Косово. Како што се дознава претставниците на ЕУ побарале “поконструктивен и пофлексибилен” пристап кон предлогот на Ахтисари во сегашна форма. Поточно кажано, тие пробаа да издејствуваат било каква опиплива нагодба за Косово, или барем “меко неприфаќање” на планот на Ахтисари.
Притоа, наводно го предупредиле Белград дека нема да биде добро за Србија целоснбо одбивање на предлогот, како и преговорите во врска со него. Од српските челници е побарано итно формирање на нова проевропска влада на Србија и соработка со Хашкиот трибунал, а понудиле продолжување на преговорите за придружување. Дека одложувањето на преговорите е извено,вчера во Приштина,пред доаѓањето во Белград,потврди и Хавиер Солана кој рече дека секое разумно одложување на преговорите е прифатливоо.
Европската турканица во Белград вчера ја почна британскиот министер за европски прашања Џефри Хун, кој исто така побара поголема конструктивност кон предлогот за Косово, изразувајќи надеж дека и Ахтисари ќе има флексибилност кон барањата на Србија за пролонгирање на преговорите.