Утакмицата на Маракана во рамките на првото коло на Лига на шампиони меѓу Црвена ѕвезда и Неапол следена е со големо внимание во регионот.

Најголемо внимание предизвикале хрватските медиуми кои ги следеле сите детали од случувањата, како околу, така и на самата Маракана.

Хрватските медиуми со внимание следеле што се случува на стадиомот Рајко Митич, а новинар на хрватски медиум очигледно текстот го пишувал со недостаток на концентрација со што легендата на црвено-белите и прва ѕвезда на Црвена ѕвезда, Рајко Митиќ, го заменил со фолк пеачот митар Мириќ.

 – Црвена ѕведа пред полниот стадион Митар Мириќ во Белград успеала да ги запре одличните Италијанци, со што во првото коло во Лига на шампиони на Неапол им зема бод, и е можеби и најголемо изненадување на првиот ден на европскиот фудбалски спектакл – пишува хрватски медиум.

Оваа вест го обиколи регионот и станала вистински хит на социјалните мрежи.