x

Добри вести за Клоп: Салах се враќа в среда против Наполи

Еден од најдобрите фудбалери на Ливерпул, Мохамед Салах, ќе биде целосно подготвен за настап против Наполи во Лигата на шампионите оваа среда. Веста ја потврди стратегот на тимот од Мерсисајд, Јирген Клоп. 

Египќанецот не играше на гостувањето кај Кристал Палас, кад ешто „црвените“ стигнаа до победа од 2:1. Мо не беше 100% опоравен од последната повреда, па Клоп не сакаше да ризикува и го остави цел меч на клупата.  Во среда, сепак, Египќанецот ќе биде во стартните 11.

„Бевме во можност да го зачуваме. Тој е одморен и ќе биде целосно подготвен за средбата со Наполи“, потврдил германскиот стратег.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата