Во Прилеп денеска нема регистрирано новозаболени лица од коронвирусот, што значи дека останува досегашната бројка од 117 евидентирани случаи, информираат од прилепската локална самоуправа.

Во Инфективното одделение од градската болница „Борка Талески“ се хоспитализирани 18 лица позитивни на КОВИД-19, од кои 16 се со лесна клиничка слика, а две лица се на повремена кислородна поддршка. Во изолација се наоѓаат 4 лица сомнителни на коронавирус, земен им е брис и се чекаат резултати.

Во самоизолација се наоѓаат 496 лица. Во деновите од викендот, од петокот до денеска, евидентирани се 10 нарушувања на полицискиот час.