Успешен почеток им посака градоначалникот Жика Стојановски, а учениците од повисоките одделенија подготвија приредба.

Новата учебна година започна за 2.000 ученици во сите основни училишта во општината, а во средното општинско стручно училиште „Илинден” учебната година ја почна и третата генерација средношколци каде годинава во двете паралелки за електротехника, информатика, ИКТ и автоматика се запишаа 60 ученици со што во средното училиште сега настава посетуваат вкупно 200 средношколци.