x

Добра и лоша вест за Стефан Ристовски и соиграчите

stefan_ristovski_foto_sporting_cp144965d4_socialshare

Пријателскиот дуел меѓу Спортинг Лисабон за кого настапува Стефан Ристовски и Наполи на Елиф Елмас е откажан. Во таборот на португалскиот тим дури тројца фудбалери се позитивни на Ковид-19, нивните имиња се држат во тајност.

Во целата ситуација има добра и лоша вест за македонскиот репрезентативец.

Добра вест е тоа што Ристовски не е меѓу позитивните во португалскиот гигант. На тестовите засега искочиле тројца кои се заразени со коронавирусот и тие веднаш се ставени во изолација.

Сепак денеска се направени нови тестови, тестиран  е и нашиот репрезентативец, и допрва ќе се види дали уште некој “закачил“ корона. Лошата вест е што во изминатите денови заразените тренирале со останатите играчи, меѓу кои и Ристовски, и тој имал контакт со нив. А дури потоа биле направени тестовите.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата