x

Добра вест за Барса: Меси ќе биде фит!

mesi-si-odi

Фудбалерот на Барселона, Лионел Меси ќе биде подготвен за завршницата во Лигата на шампионите во Лисабон. Аргентинецот против Наполи во реванш осминафиналниот меч доби удар, но за голема среќа истиот не остави последици.

Тренерот на шпанскиот клуб, Кике Сетиен потврди дека Меси ќе биде во неговиот состав.

Каталонците во петок играат против Баерн Минхен, кој е пречката на Барса за чекор близу до титулата која пак ја чекаат од 2015 година.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата