x

ДОБИ НОВ ДОГОВОР: Манасков до 2022 година во Веспрем

Дејан Манасков ги игра најдобрите денови во неговата кариера. Се чини Веспрем е вистинскиот тим за македонскиот репрезентативец, вака размилуваат челниците на клубот, кој одлучија да го задржат и во следните две години.

Унгарскиот првак денеска и официјално соопшти дека Манасков добил нов договор со важност фо 2022 година.

Македонскиот репрезентативец во редовите на Веспрем дојде во 2017 година од тимот на Рајн Некар, минатата сезона стигна до финалето на ЛШ во Келн, но унгарскиот состав беше поразен од Вардар.

Покрај Деки, нови договори добија и Гашпер Маргуч и Петар Ненадиќ.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата