Британецот Мајкл Керол освоил скоро 10 милиони фунти односно повеќе од 80 милиони фунти во 2002-ра година и добивката потполно го променила неговиот живот.

Може да се каже дека Керол ги трошел парите на проститутки и на дрога, а останатото го потрошил на глупости. Осум години по освојувањето на огромната сума, момчето немало скршена пара, а денес, 16 години подоцна, работи како дрвосечач.

-Забавата е завршена сега и морам да признаам дека ми е драго. Многу е полесно да се живее со 40. фунти неделно отколку со милиони. Сакам да најдам работа и да заработам пари како другите луѓе, рекол неуспешниот милионер.