x

Добар Вардар – на полувреме има плус два против Фленсбург

vardar-1111

Вардар 1961 по пауза од месец дена вечерва го игра само вториот меч во Лигата на шампионите, на полувремето против Фленсбург е 17-15.

Избраниците на Стевче Алушовски засега добро играат против лидерот во групата, убаво се справуваат со најсилното оружје на противникот – брзата транзиција. Паузата се чини одлично им дојде.

Фленсбург отвори со два гола набрзина, но Вардар 1961 веднаш се врати во ритам, со добра одбрана и брзи голови направи серија од 4-0, два гола постигна Дибиров, по еден Вујин и Дисингер. Не застанаа „црвено-црните“ во 13. минута со погодокот на Чупиќ од седум метри, за првпат поведоа со плус три 8-5. Оваа позитива ја одржуваа до 15. минута, на спротивната страна гсотите со серија од 3-0 набрзина за само минута и пол израмнија на 10-10.

Алушовски повика тајм-аут, кој пак брзо вроди плод. Чупиќ одлично ја одбработи договорената акција за 11-10. Со нова серија од 4-0 (два гола на Талески и еден Јотиќ), Вардар се искачи на 14-11, а потоа со одбрана на Кизиќ, и грешка на Германците, го однесоа Вардар на највисоки 15-11 на три и пол минути до крајот, а потоа и на 17-13.

Грешка на крајот ја стопи позитивата на 17-15 на одморот.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата