Министерството за здравство во дневното соопштение за состојбата со коронавирусот информира дека за 24 часа регистрирани се 21 излекуван пациент – 16 од Скопје, тројца од Куманово и двајца од Штип.

Според податоците, сите овие пациенти се лекувале во домашни услови.

Во изминатите 24 часа потврдени се и тројца починати и 18 нови случаи на коронавирус, од кои најмногу во Куманово – 9, по двајца во Скопје, Штип и Тетово и по еден случај во Велес, Гостивар и Пехчево каде што ова е прв забележан случај на заразата.

Статистиката која беше соопштена денеска е охрабрувачка во поглед на тоа дека во едно деноноќие излекувани се повеќе пациенти во однос на новозаразените.

Бројката на излекувани од Ковид-19 во земјата достигна 200, а починаа 54 лица.

Од Министерството за здравство инфиормираат дека во изминатото деноноќие направени се 263 теста. Преку ИЈЗ –252 и Систина со PCR метода – 11. Досега во земјата се направени вкупно 12.133 тестирања на Ковид-19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, примени се 3 пациенти од Скопје, Струга и Прилеп со средно-тешка и тешка состојба. Вкупно се хоспитализирани 56, од кои 18 се на кислородна поддршка, а 3 се на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 15 нови пациенти. Суспектни пациенти кои добија негативен резултат се префрлени на други оддели, па во моментов на одделот за ковид се хоспитализирани 34 потврдени и суспектни пациенти. Со потешка клиничка слика се 9 пациенти, а 6 се на респираторна машина.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 14 пациенти потврдени и суспектни на Ковид, а на домашно лекување се следат уште 15 пациенти.

Во штипската болница во мометов се лекуваат 5 ковид позитивни пациенти, сите во стабилна состојба, а на домашно лекување се следат 19 пациенти.

 

 

 

 

 

извор: Makfax