Најскапата аквизиција во клупската историја на францускиот гигант ПСЖ, Анхел ди Марија откри дека холандскиот стручњак, Луис ван Гал, бил главната причина поради која си заминал од редовите на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед.

Пред повеќе од една година, аргентинскиот интернационалец пристигна на “Олд Трафорд”, откако “црвените ѓаволи” го прифатија побараното рекордно обесштетување на Реал (М) од 75 мил. евра.

Иако беше ангажиран како големо засилување, Ди Марија не се адаптира на англискиот стил на игра и после 12 месеци поминати во Манчестер, за 63 мил. евра беше продаден на актуелниот шампион на Франција.

Официјалното деби во новиот клуб го имаше во неделниот дерби натпревар против екипата на Монако и благодарение на неговата совршена асистенција, Езекел Лавеци го постигна третиот погодок на натпреварот.

Фудбалската филозофија на Луис ван Гал беше една од главните причини поради кои сакав да потпишам за Манчестер Јунајтед. Сепак, многу е тешко да се адаптираш на неговиот стил на работа. Имав неколку проблеми со холандскиот стручњак, неколку несогласувања. Имав добар старт, но потоа заработив незгодна повреда. Кога се рехабилитирав од повредата, Ван Гал ми ја смени позицијата. Пред да потпишам за ПСЖ имав разговор со предводникот на “светците#, Лорен Блан кој ми кажа дека ќе играм на истата позиција на која играв кога го носев дресот на Реал (М), изјави Ди Марија.

Крилниот напаѓач на “светците” откри колку е важно најголемата ѕвезда во дресот на новиот европски клупски шампион, тимот на Барселона, Лионел Меси и во иднина да го носи репрезентативниот дрес на Аргентина.

Можам да потврдам дека приоритет број еден на Аргентина е пехарот на следниот Куп на Америка. Луѓето не можат да сфатат каква беше нашата соблекувална после поразот од Чиле во финалниот натпревар. Сите бевме уништени. Не сакаме уште еден пораз во финалниот натпревар. Меси е најважниот играч во нашиот тим. Се ќе биде потешко без неговата помош. Нормално дека сите се повредени кога нашиот фудбал не функционира како што треба. Но уште потешко е кога си нападнат од домашните медиуми, изјави крилниот

Следниот јубилеен Куп на Америка ќе биде одржан во 2016 година во САД, каде ќе учествуваат 16 репрезентации.