x

Ди Мариа: Писмото од Реал пред финалето на Мундијалот го искинав

Анхел Ди Мариа е еден од оние играчи кои го одбележаа Аргентинскиот фудбал во последните десетина години. Со сериозно квалитетна индивидуална но и репрезентативна кариера, офанзивецот на ПСЖ се наврати на моменти од кариерата.

За локална аргентинска телевизија тој изнесе факти околу неговата судбина во Реал Мадрид, Мундијалот во 2014 година кога неговата земја играше финале, патем и го загуби.

„Пред финалето бев сконцентриран на она што следува и во еден момент докторот на репрезентацијата ми подаде едно писмо, ми рече дека е од Реал Мадрид. Јас не сакав да го отворам знаев што е. Знаев дека сака Реал да ме продаде, и точно знаев што е содржината на тоа писмо. Закана да не го играм финалето, затоа што сум повреден. Тие тоа го знаеја, и доколку играв имаше можност ситуацијата да ми се влоши. Работата беше во тоа што Реал Мадрид веќе имаше договорено мој трансфер во Манчестер Јунајтед и повреда можеше се да стопира. Цели 75. милиони евра беа во прашање. Сепак, јас го примив писмото и без да го отворам го искинав. Плачев и го молев селекторот да ме стави во игра но тоа не се случи. Играше Енцо Перес, а јас летото станав дел од Манчестер Јунајтед“, изјави Ди Мариа

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата