x

„Дијамантот“ пред Грузија: Влогот е голем, но за ова се подготвувавме и живееме

elif-elmas-mkd-trening

Во пресрет на натпреварот против Грузија за пласман на Европското првенство, македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас во изјава за сајтот на ФФМ, вели дека сме подготвени да го оствариме најдобриот резултат во историјата на нашиот фудбал.

„Не очекува финале, еден натпревар и многу борба. Ќе биде тежок натпревар, влогот е голем, но за ова се подготвувавме и сите заедно ќе се обидеме да го дадеме својот максимум за да успееме. Ни треба концентрација и енергија во текот на сите 90. минути. Грузија исто така, има за цел да биде на Европското првенство, но треба да направиме работите на теренот да зависат од нас. Оптимист сум, ова е голем меч и ќе го одиграме и за себе и за тимот, но и за целата држава. Се надевам дека ќе успееме, ќе играме за пласман на Европско првенство“, вели нашиот млад фудбалски дијамант.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата