Градежните работи во одделот за дијализа во Чаир се во завршна фаза, а пациентите во него ќе можат да се вратат, најверојатно во втората половина на оваа недела, највуваат од Клиниката за нефрологија во чии рамки е и “Чаир”. Според нивните објаснувања, деновиве, треба да се комплетираат одредени проверки и контроли од здравствено санитарните органи за дијализата да биде активирана. Одделот во Чаир беше привремено затворен по хаваријата со дел од таванот, а 136-те пациенти поради тоа ургентно беа распределни во новите смени на Клиниката, во центарот “Железара”, како и во Воената болница. Минатата недела Министерството за здравство најави дека одделот ќе биде пуштен во употреба денеска. (Р.Н.)