Оперскиот пејач Игор Дурловски на својот фејсбук-профил објави фотографија од соопштение потпишано од директорот на Националната опера и балет (НОБ), Васо Ристов, во кое на вработените им се забранува да ги хранат мачките околу објектот.

Во соопштението се наведува дека „строго се забранува хранење на мачките што шетаат низ објектот на НОБ“ и се додава дека за „непочитување на забраната вработените ќе одговараат дисциплински, додека, пак, за хонораците ќе се преиспитува неопходноста од натамошен ангажаман“.

Во соопштението исто така се образложува дека со ваквата забрана ќе се придонесе за подобрување на хигиенската состојба во објектот.

извор: Makfax