Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Адханон Греберјесус изјави дека е на пат кон Пекинг за да разговара со кинеските власти и здравствените експерти за епидемијата на коронавирусот.

Гебрејесус на својот профил на „Твитер“ напиша дека сака да го зајакне партнерството со Кина во обезбедувањето на понатамошна заштита од епидемијата, пренесе „Ројтерс“.

Кинеските власти соопштија дека 2.051 лица се заразени со коронавирус, додека 56 починале.

извор: Makfax