x

Директорот на АМС со позитивен на КОВИД 19

uploads_thumbs_resize_800x420_453677

Директорот на Агенцијата за Млади и спорт, Наумче Мојсоски предмалку на социјалните мрежи објави дека е позитивен на коронавирус. Дополни дека се чувствува добро, и дека нема симптоми.

„Драги пријатели,

Поради контактите кои ги имав изминатиот период поврзани со моите работни обврски, одлучив да се тестирам и добив позитивен тест на Ковид – 19. Ви моментов немам симптоми, се чувствувам добро и ги следам препораките на мојот доктор.

Чувајте се и почитувајте ги мерките. Пред нас се денови кои досега сме ги празнувале со пријателите, поширокото семејство, надвор од дома. Мојот апел до вас пријатели е да направите сеж да го заштитите вашето здравје и здравјето на вашите најблиски. Да празнуваме одговорно“, напиша на Фејсбук легендарниот ракометар а сега директор на АМС Наумче Мојсоски.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата