Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека е донесена одлука денеска да се разреши директорката на Клиниката за кожни болести.

„Претседателката на ДКСК ми укажа дека кога има ваква итност може да се изврши веднаш. Денеска ќе биде направено тоа и ќе се назначи В.Д. директор и покрај тоа што нема работен процес на клиниката за дерматовенерологија има работи кои течат тековно и некој треба административно да ги извршува“, рече министерот за здравство на денешната прес-конференција , Венко Филипче.

Кај неа вчера беше потврдена зараза со коронавирус, но таа не пријавила кај надлежните дека патувала во Италија, туку тоа го сториле нејзини колеги. Директорката пет дена заразена одела на работа, иако препораките се 14 дена самоизолација.