Дека фудбалот е најважна споредна работа на светот е прво лекција и мудрост,па дури на крајот изрека. Пред точно 100 години,тогаш скромната игра со кожна топка и дрвени стативи,на светот му одржа лекција по човечност и пријателство.

Околу Божиќ 1914, во екот на Првата светска војна,британските и германските војници излегоа од рововите и силата ја измерија на фудбалско игралиште. Спонтаното примирје меѓу нив донесе пријателства,а на светот му покажа дека со спортот и заколнатите непријатели можат да ја закопаат омразата,велат амбасадорите на Британија и Германија во земјава.

Под мотото “Фудбалот се сеќава”, дипломатите од овие амбасади заедно со вработените во Армијата и Министерствата за одбрана и надворешни работи,одиграа натпревар во чест на миротворците од почетокот на векот. Денеска луѓето поддржуваат различни клубови,но поддршката за мирот е она што ги обединува,велат дипломатите.

Британските и германските дипломати заедно со своите домаќини од шест континенти,денеска одиграа натпревар во сеќавање на примирјето од пред еден век.