x

Динамо Москва со специјални дресови во чест на Лaв Јашин

00869176

Лaв Јашин е легенда на светскиот фудбал и на фудбалот во бившиот Советски Сојуз. Легендарниот голман целата своја кариера ја мина во тимот на Динамо Москва за кого бранеше на преу 300 мечеви цело дваесет години. Почина на 60 годишна возраст во 1990 година, но Динамо Москва како клуб наоѓа секаков начин да му се заблагодари за се што направил за клубот.

Па така, викендов на мечот против Сочи, екипата ќе промовира уникатни дресови со сино црна боја, а над логото на клубот, ќе стои изгравиран потписот на Јашин. Ова ќе биде подготвено во знак на роденденот на легендарниот чувар на мрежата кој беше на 22 октомври.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата