x

Динамо Киев откри дел од плановите на Вардар

Иако лидерот на табелата во ПМФЛ се уште ги нема објавено плановите за подготовките и тест натпреварите во Анталија за продолжение од сезоната, сепак се чини во денешно време не може ништо да остане “тајна“.

Украински Динамо Киев на својата официјална страница го сподели распоредот за контролните средби во Анталија. Вардар ќе биде еден од противниците, средбата со лидерот на табелата во мак-првенството е закажана за 23 јануари.

Покрај ова СПОРТМЕДИА дозна дека „црвено-црните“ сили ќе ги одмерат и со Мура (Словенија) и Хајдук (Хрватска).

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата