x

Динамо Загреб на тренерската клупа го сака Просинечки!

По отказот кој вчера му го врачи на Игор Јовичевиќ, и тоа апсолутно заслужено, Динамо Загреб е во потрага по ново тренерско име на клупата.

Како што утринава известуваат хрватските медиуми, прв “пик“, и најпосакуван бил никој друг туку Роберт Просинечки, некогаш легендарниот хрватски фудбалер кој во два наврати го носеше дресот на “модрите“, а беше и асистент на клупата. Но, никогаш не бил прв тренер.

Популарниот “Жути“ или Роби, беше тренер во Црвена Звезда, потоа селектор на Азербејџан и БиХ, а сега е тренер на Кајзериспор. Проблем е во тоа што Роби има важечки договор со турскиот тим, но и негова е желбата да се врати на “Максимир“, но сега како шеф на стручниот штаб.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата