x

Динамо Дрезден го демолира Хамбургер пред 10,000 навивачи

dynamo-dresden-fans-1040x572

Динамо Дрезден го исфрли Хамбургер од Купот на Германија победувајќи го со 4:1 и тоа пред 10,053 гледачи денеска што е најголема посета во Германија после рестрикциите поради коронавирусот кои почнаа во март.

Динамо испадна од Втората лига минатата сезона откако тимот беше принуден да оди во карантин поради зголемен број на заболени од КОВИД-19. Дрезден беше на дното, а по рестартот во мај и проблемите со коронавирусот не му дадоа шанса да проба да се извлече.

А на почетокот на новата сезона поранешниот шампион на Источна Германија го „уби“ некогашниот европски и германски првак за пласман во 2. коло од Купот и со тоа ја направи фештата поголема.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата