x

Динамо Дрезден во карантин, двајца играчи позитивни на коронавирус!

Динамо Дрезден оди во 14-дневен карантин поради тоа што двајца играчи се позитивни на Ковид-19. Со тоа нема да биде одигран натпреварот против Хановер кој беше закажан на 17. мај.

Германците се подготвуваат за враќање на терените, и претходно сите играчи мора да бидат тестирани на новиот вирус.

Претходно во карантин беше и тимот на Келн каде што имаше три случаи на Ковид-19, но останатите играчи беа негативни, и тие продолжија со тренинзи.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата